ВО ЗАВРШНА ФАЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.

Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата. Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Проектот за реконструкција на оваа улица беше дел од овогодинешната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид.