ИНТЕНЗИВНИ МЕРКИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Почитувајќи ги мерките за заштита  од  Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на  градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието.   Во насока на превенирање  и спречување на  ширење  на вирусот  секојдневно се врши мерење на  телесната температура на вработените  и на закупците на тезги во пазарот.

Со високиот стандард на хигиена  претпријатието , несомнено гради  безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.