42 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД 22 ЛИЦА

Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, вчера попладне беа направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот синоќа, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Вчера се работеа уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. Резултатите од овие тестови ќе бидат познати во текот на денешниот ден.