7 КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Денеска во хотел Тино во присуство на Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски , Претседателот на совет на европскиот полициски синдикат, Рикардо Валадас од Португалија, Генералниот секретар на европскиот полициски синдикат и претставници од синдикатите од цела поранешна Југославија, се одржува 7миот редовен Конгрес на македонскиот полициски синдикат.

Целта на Конгресот е промената на актуелното и избор на ново раководство, а свое обраќање пред присутните имаше Директорот на БЈБ , Сашо Тасевски.

За нов претседател на МПС е избран досегашниот генерален секретар, Маријан Кичев од Кавадарци , а на негово место нов генерален секретар е Киро Трајковски од Скопје.