ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА , ЕДУКАЦИЈА И СЕНЗОНАРНА ИНТЕГРАЦИЈА ЗА ВОЗРАЗНИ ЛИЦА СО АУТИЗАМ ВО „СВ.ЕРАЗМО “

Денеска во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе биде отворен Центар за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам.

Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“, непрофитна и хуманитарна асоцијација. Проектот се реализира со поддршка на Министерство на здравство кое ги отстапи просторите за користење во рамки на болницата Св. Еразмо. Реконструкцијата и опремувањето на центарот, пак, е финансирано од страна на амбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Скопје.

На отворањето на центарот ќе присуствува заменик министерот Армент Арслани , чешкиот амбасадор Мирослав Томан и претставници од Стопанска комора.