ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 8. АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

– Почитувањето на различностите, градење соживот и еднакво општество за сите е нашата најголема сила. Ромите како заедница се нераскинлива алка од таквото општество. Тие со нивното делување, преку учеството во локалната, законодавната, извршната власт и образованието, во голема мера придонесуваат во градењето и развојот на Охрид во секоја сфера од општествениот живот. Сепак претстои уште многу работа особено во рушењето на стереотипите и предрасудите, но и работа во економската нееднаквост, која е значајна пречка во целосното остварување на ромската заедница. Сите ние, заедно ќе се бориме и ќе се избориме за еднакви прави и можности и за почитување на различностите.

Најискрено ви го честитам „8-ми Април – Меѓународниот денот на Ромите“ , со желби за многу успех и просперитет, личен и како заедница, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.