ГАСТРО МАК 2019 ВО ОХРИД

Од утре па се до 14-ти октомври Охрид и хотел Нова Ривиера ќе бидат домаќини на четвртиот по ред Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.

На настанот ќе земат учество над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.

Активностите ќе бидат во натпреварувачки дух , но ќе бидат организирани и презентации од македонската и интернационалната кујна.

Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

На 12-ти октомври е предвидено е  одржување на „Фиш фест“ на Дон Давид, кога судиите, кои се истакнати готвачи со „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара на отворено, а дегустациите ќе можат да ги извршат сите посетители.

 Мотото на четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак” е „Don’t Worry, Be Ohrid!”