СО ВЕЧЕРАШНИОТ ОДИГРАН НАТПРЕВАР МАКЕДОНИЈА СЕ ИСКАЧИ НА ТРЕТАТА ПОЗИЦИЈА ВО Г ГРУПАТА

Македонската фудбалска репрезентација остана во игра за првите две позиции на табелата во квалификациите за пласман на Европското првенство, по победата над селекцијата на Словенија со 2-1 (0-0) вечерва на Националната арена „Тодор Проевски“.

Со трите бодови, Македонија се искачи на третата позиција додека Словенија од второто падна на четвртото место на табелата во Г групата. А селекцијата во следната рунда гостува кај лидерот на табелата Полска.