МАЛА ОПШТИНА ВО ФИНСКА ПЛАЌА 10.000 ЕВРА ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМААТ ДЕТЕ

Како би се решил проблемот со падот на наталитетот, една мала општина во Финска превзеде голем чекор со тоа што на своите граѓани им плаќаат дури 10.000 евра за да имаат дете.

Малото градче Лестијарва се наоѓа во руралниот дел во Финска и тамошните власти велат дека само едно родено дете ја буди свеста за проблемот на драматичниот пад на популацијата.

-На крајот од минатиот месец имавме 725 жители. Ние сме втора најмала општина во Финска. Од секогаш сме прателе колку бебиња се раѓаат во текот на годината, но кога забележавме дека во една година е родено само едно бебе ,сите се разбудивме , вели градоначалникот Еско Ахонен.

Доколку семејствата се иселат од градот макар и привремено исплатата престанува , со што се стимулира населението да останат во општината.

По социалните и друштвени мрежи се забележани многу критики дека општината користи буџетски пари за овие намени , ама властите ги сметаат овие критики бесмислени затоа што само после шест години одлуката покажува позитивни ефекти.

Падот на наталитетот во Финска започна во 2010 година.