НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕЧКИ КОН УСПЕХОТ

Колкупати твоето ‘ама’ станало пречка за твоите сништа? ‘Сакам да вежбам, ама многу сум зафатен; Сакам да сработам, ама немам услови; Сакам да си го купам алатот што ми треба, ама ми требаат парите за друго; Сакам да ги побарам, ама се однесуваат лошо со мене; Сакам да го живеам мојот талент, ама страв ми е од неуспех’.


Веднаш штом го изговорите тоа ‘ама’, сè она што сакате да го направите паѓа во вода. И не заради пречката што ја кажавте, туку поради енергијата што ја пративте. Тие пречки се само изговор и најчесто не ни постојат затоа што не знаеме што ќе се случи во иднина, само претпоставуваме.
Избришете го вашето ‘ама’.
Само започнете.
Универзумот помага.

Марија Лозаноска