ОБЛАЧНО СО СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Времето денеска ќе биде променливо блачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид и Битола 3, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 5, Дојран 8.

И утре ќе имаме променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне со сончеви периоди. Дневните температури ќе се движат од -5 во Маврово, 3 степени во Скопје, Охрид 1, Битола 2, до 5 степени во Дојран.