ОДЛИЧЕН УСПЕХ ЗА СЕЛДИН САЛИУ

Петнаесет годишниот европскиот шампион во уметничко лизгање Селдин Салиу кој е по потекло од Ростуше ,освои второ место на меѓународниот натпревар во италијанскиот град Мерано.

Тој до сега има учествувано на 44 натпревари во различни категории не само во Италија ,туку и надвор од неа и до сега 18 пати го освоил првото место и се има закитено со 11 медали.

Настапот во Мерано му беше деби за Македонската федерацијата на лизгачки спортови.