ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА

На Државното првенство во шах за Основни и Средни училишта што се одржа на 22 ноември 2019г. во Спортската сала Јордан Пиперката Демир Хисар, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенција за млади и спорт и Шаховска федерација на Македонија, учествуваа 55 млади шахисти притоа беа постигнати следните резултати:

Во конкуренција на 30 млади шахисти од основно образование – момчиња беа постигнати следните резултати:

Златен медал за Константин Лушески ; сребрен за Иван Велкоскибронзен за Стојан Велкоски.

Во конкуренција на 10 млади шахисти од основно образование – девојчиња беа постигнати следните резултати:       

Златен медал за Јована Давиткова, бронзен за Елена Лушевска и сребрен за Теодора Велева