ОХРИД ГОРД НА 15 ГОДИШНАТА МАТЕА СТОЕВ

15 годишната охриѓанка Матеа Стоев, ја издаде својата прва книга – стихозбирката „Мојата шарена стихувалка“, во која се поместени 20 песни.

Промоцијата се одржа синоќа во ОУ „Григор Прличев“ во рамки на одбележувањето на патрониот празник на училиштето, каде Матеа е ученичка во завршната година.

ОУ „Григор Прличев“ не ја крие гордоста за Матеа и сите ученици како неа кои чекорат по стапките на Сердарот и на официјалната страна споделиа зборови полни со благодарност :

Матеа, Ти благодараме што твоето првенче
” Мојата шарена стихувалка” ја отвори програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ ” Григор Прличев”. Ти благодариме што несебично ни ја подари честа да бидеме место каде што Ти го отвараш Твојот прозорец кон пишаниот збор и што гордо го носиш чувството Прличево во твоето излагање
.