ОХРИД ТРЧАТ СЕ ОДЛОЖУВА ЗА КРАЈОТ НА АВГУСТ

Охрид трчаТ 2020 година се одложува за на 28-30 август.

Од организацијата велат дека одлуката воопшто не била лесна, дека размислувале за многу работи поврзани со организацијата на настанот, за учесниците, за волонтерите, градот и секако за датум кој се надеваат ќе понуди можност за да се одржи настанот така како што е замислен.

Од таму се заблагодаруваат за разбирањето и поддршката и се надеваат дека заедно ќе успееме, во овие тешки моменти за сите нас, на граѓаните ќе им биде понудена забава и позитивна енергија која и тоа како е потребна оваа година.