ОТВОРЕН ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ОУ „ХРИСТО УЗУНОВ“

Во  рамките  на новиот концепт за граѓанско образование.во основното училиште „Христо Узунов“, денес, се одржа Отворен ден на демократијата.

Главна иницијатива и активности ги имаа самите ученици. Ваквите отворени денови можеби не се одржуваат многу често, но сепак за денес учениците подготвија доста активности со кои сакаат да покажат што е демократија, како тие ја прифаќаат и како треба да постапат во врска со демократијата“, вели директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева.

Отворен ден на демократијата по втор пат се реализира со учество на учениците од осмите одделенија, а за прв пат со ученици од деветто одделение.

Во ОУ „Христо Узунов“ - Отворен ден на демократијата