ПОВТОРНО ОДЛАГАЊЕ НА ПОПИСОТ

Иако пописиот на населението беше планиран да се одржи во април следната година, ќе има повторно одлагање поради предвремените парламентарни избори.

Од државниот завод за статистика велат дека се затекнати од вчерашната одлука за предвремени парламентарни избори во истиот период, но и дека до сега во ниту една држава не се одржале избори и попис истовремено, но дека исто така стојат на ставот дека пописот мора да се спроведе до крајот на 2020 година.

Македонија е без попис на население цели 17 години од 2002 година. После тоа имаше еден неуспешен обид за спроведување во 2011 година .