ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ УТРЕ ВО ХРВАТСКА

Во Хрватска утре ќе се одржат претседателски избори. Вчера беше е последниот ден од кампањата, а на полноќ настапи предизборниот молк. Утре 3.855 милиони гласачи ќе одлучуваат за тоа кој ќе влезе во вториот круг, кој е сѐ поизвесен. Се очекува интересна и неизвесна трка во која учествуваат 11 кандидати

Речиси на сите анкети, како водечки три кандидати се издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која ја има поддршката на владеачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП, и независниот кандидат Мирослав Шкоро. Грабар – Китаровиќ и Милановиќ се речиси изедначени според последните анкети.

Кандидати за претседател се и: Недељко Бабиќ (ХШЧКШ), Анто Ѓапиќ (ДЕСНО), независните Мислав Колакушиќ и Дарио Јуричан , кандидатот на ХСЛС Деан Ковач, независната Далија Орешковиќ, Катарина Пеовиќ (РФ) и Иван Пернар (СИП).