Реагираат Трамп и Столтенберг за загинатите цивили по офанзивата на Турција во Сирија

Турција почна со воена операција во Сирија со цел да формира безбедносна зона во регионот под контрола на курдската милиција , сојузници на САД.


Во нападите на селото Мишараф на северот на Сирија се убиени најмалку двајца цивили , а уште неколку се повредени.

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше вечерва по наредбата на Ердоган да ја почне офанзивата.

“Утрово Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. САД  не го поддржуваат овој напад и и ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски трупи во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јас јасно имам ставено на знаење дека не ги сакам овие бесконечни, бесмислени војни – особено оние од кои САД немаат корист .  Турција вети дека ќе ги заштити цивилите и верските малцинства, вклучително и христијаните, и да се осигура дека хуманитарната криза нема да се случи – и ние ќе ги држиме за збор. Покрај тоа, Турција сега е одговорна да обезбеди сите борци на ИСИС да останат затворени и дека ИСИС не се зајакнува на кој било начин. Очекуваме Турција да ги исполни сите свои обврски и да продолжи внимателно да ја следи ситуацијата “, рече Трамп.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Турција да биде „воздржана“ во операцијата во Сирија и да не ги „загрозува постигнатите успеси“ во борбата против Исламската држава.

„Важно е да не се преземат активности што можат дополнително да ја дестабилизираат областа, да ги засилат тензиите и да ги зголемат страдањата на луѓето“, предупреди тој во изјавата издадена од Алијансата, откако генералниот секретар разговараше со италијанскиот премиер Џузепе Конте.