РИБОКРАДЦИ ГИ ИСФРЛИЛЕ МРЕЖИТЕ И УЛОВОТ И ИЗБЕГАЛЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА

На 27.01.2020 година во 19,45 часот, при преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициските службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки.

Притоа, од возилото, излегле две лица и започнале да бегаат по што  исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка.

По  преземени мерки, констатирано е дека патничкиот автомобил е управуван од И.Л.(56) од Пештани.

Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод.

СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.