„ТЕЛЕКАБЕЛ“ И РОБИ ПРЕД СИТЕ ДРУГИ ОПЕРАТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за електронски комуникации ги објави најновите податоци за уделот на операторите според број на претплатници кои користат две електронски комуникациски услуги врзани во пакет во првиот квартал 2019 година.

Според добиените податоци најголем пазарен удел има Роби со 41,81% потоа следуваат Македонски Телеком со 33,64%, А1 Македонија 21,43% и останатите оператори со 3,12%.

Со тоа „Телекабел “ моментално е пред сите други оператори во Македонија.