ТРИУМФ НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ОХРИД

Ракометарите на Охрид, успешно завршија уште едно поглавје во Супер лигата победувајќи го Бутел Скопје (24-22) во дербито од шестата рунда во македонскиот шампионат.

Триумфот против Бутел Скопје е супер најава за „Езерското“ дерби во седмата рунда од Супер лигата. Натпреварот се игра во Струга, в сабота во 19 часот и 30 минути.